|
ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОНГРЕСОТ
Драги колеги и пријатели,
Четвртиот Конгрес на педијатрите на Македонија со меѓународно учество ќе се одржи во Охрид, еден од најстарите и најубави градови во Македонија од 18-22.09.2007 година.
Веруваме дека програмата и особено едукативните сесии кои се доста актуелни и ќе привлечат интерес и вклучување не само на педијатрите туку и на други профили на лекари кои се вклучени во здраствената заштита на деца со различни болести.
Се надеваме дека ќе се пријават голем број на квалитетни трудови (краен рок за пријавување е 31.05.2007). На крај да ве потсетиме на бројните туристички атракции на Охрид, шармот и удобноста на конгресниот центар и социјалната програма која ја подготвивме за Вас.
Со желби за успешен конгрес, Ви посакуваме топло добредојде.
Љупчо Николовски
Претседател на Конгресен Одбор |